Коментари

Кога ќе прифатиш средба со заменик-помошник во амбасада, пиши – пропало, коментира Ванковска

„Кога ќе прифатиш средба со заменик-помошник во амбасада (т.е. на територија на САД), пиши – пропало!“, коментира професорката Билјана Ванковска.

Таа додава: „П.С. Ме караат во месинџер што сум им го навредила лидерот. Сум требала да застанам зад ХМ, како мојата пријателка. Простете, ама како да почитуваш некој кој прифаќа третокласен американски службеник да го кани во амбасада!?! Требаше да го викне или во партија или во Собрание (белким ќе го пуштеа). Оваа слика денес после она во собрание со тројцата министри на затворена седница зборува за состојбата на кичмата и интегритетот“.

На почеток