Груевски му врати на Мицкоски и го предизвика: Одговори на следниве две прашања
Експремиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја искоментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со него.
„Го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата“, напиша Груевски.
Тој додава: „Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“.