Некатегоризирани

Адвокатот на Чавков – Дуковски: Не постои вина кај Чавков за кривичното дело

На денешното рочиште за случајот „27 април“ одбраната и 17-те обвинети ги даваат своите завршни зборови. Прв завршен збор даде адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дуковски:

– На крајот сме на еден од најголемите предмети, и со самото тоа одговорноста за правилно постапување и примена на законот и носење на секоја одлука мора да се базира на правилна оценка и анализа на секој доказ поединечно се со цел да се донесе законски заснована пресуда. Одговорноста е голема. Ќе се осврнам на неколку круцијални работи. Не постои вина кај Чавков за кривичното дело кое, според завршните зборови на обвинителката Русковска, во кој е кажано дека го загрозиле животото на присутните. Во случајов се работи за збир на сите дејствија, не знам зошто е така, но мислам дека овластениот тужител сметал дека со ставање на повеќе наводни дејствија на извршување обвинето ќе виде поиздржано. Сметам дека за вакво кривично дело пола реченица не може да биде доста за некој да биде обвинет и тоа наводно дејствије да биде извршено токму на 27 април и со тоа да се исполни законското битие за делото за кое се терети., рече Дуковски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток