Некатегоризирани

Нови 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски, кој своевремено беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање кога на 27 април толпа упадна во македонското Собрание. Тој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток