Македонија

Јанкулоска осудена на 6 години затвор

Во Кривичниот суд денеска беше изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на која и е изречен 6 години затвор.

Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток