Македонија

(Видео) МВР се огласи за ужасната снимка од претепувањето: Уапсени биле две лица кои претепале вработен во салот лоциран близу Градски парк

„Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени“, велат од МВР.

Според нив: „По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото.

Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор“.

(Видео) Среде Скопје, со боксови и клоци претепан вработен во салон за продажба на ИТ опрема

To Top