Македонија

Ангелов сам отиде на Попова Шапка: Албанското знаме повеќе не е на јарболот во дворот на „Св. Наум Охридски“

Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг, напиша на социјалните мрежи, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Како што извести Ангелов, лицето кое го симнало знамето на МПЦ е приведено.

„Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба“, напиша Ангелов.

Тој го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди „овој провокативен вандалски чин“.

На почеток