Македонија

Во групата за поддршка на Палчо, му посакаа смрт на министерот Спасовски; МВР: Веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот

Монтирана фотографија од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку која му се посакува смрт, осамна во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Ова е истата група, во која два дена откако се дозна дека осомничен организатор и реализатор е Љупчо Палевски-Палчо – се објавуваа низа заговори. Објавата за Спасовски, три дена стои во групата со речиси 300 членови. Ова, ја крена на нозе и МВР, која по креирањето не можеше да реагира бидејќи немаше индиции дека со објавите е сторено кривично дело.

Објавата во групата

Веќе се работи на откривање, кој стои зад профилот кој ја сподели сликата со морбидната содржина.

„Веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Се шират заговори, се бара правда за Палчо, но не и за другите од „Десна“: формирана група каде осомничениот е патриот, а не убиец

To Top