Македонија

Која е постапката за екстрадиција на Палчо: се собираат документи, рокот за испраќање е 40 дена

На брифинг, Министерството за правда ја објаснуваше постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие посочуваат дека се постапува по известување дека лицето е барано по потерница e најдено, што веќе го добија. По ова следува процедурата за прибирање на списи, па се изготвува барање за екстрадиција кое треба да го поптише министерот Кренар Лога.

„Потоа, комплет списите се праќаат до централниот орган на државата каде што е барано лицето, најчесто тамошното Министерство за правда“, посочија оттаму.

За Палевски, известување било примено денес во 9:20 минути.

„Направени се контакти со Републичкото јавно обвинителство и ОЈО Скопје, за да се комплетираат за да се комплетираат списите како би можело Министерството да постапува. Имаме рок од 40 дена сметано од вчера за да го доставиме барањето за екстрадиција – нема да чекаме да измине рокот. Ќе постапиме најбрзо што може. Во координација сме со сите засегнати институции за да постпаиме веднаш. Ова е за нас приоритет“, велат од Министерството за правда на брифингот.

Тие посочуваат дека јавноста треба да има во предвид дека Министерството треба да ги прими списите, да се изготви барањето, да е преведена документацијата на турски јазик, па да ја испратат по ДХЛ.

На почеток