Палчо може да бара и азил, а ќе добие и адвокат по службена должност доколку сам не си најде
Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може да бара азил во Турција. Дека оваа можност постои, потврдуваат и од македонското Министерство за правда.
Тие посочуваат дека тој ќе добие и адвокат по службена должност, доколку не си ангажира сам. Преку него, ќе може да комуницира со турските институции кои ќе одлучуваат за неговата екстрадиција во Македонија.
„Азил се бара кога ќе влезе во државата, а не кога ќе ве апсат за нешто“, велат на брифингот од Министерството за правда.
На брифингот со новинарите, од Министерството за правда посочуваат дека не очекуваат да бидат известени доколку Палевски-Палчо се жали по однос на барањето за екстрадиција кое е опција и му стои како можност.
Претходно, тие ја објаснија процедурата за екстрадиција.
Која е постапката за екстрадиција на Палчо: се собираат документи, рокот за испраќање е 40 дена