Македонија

Со нож нападнат медицинар од „8 септември“, Независниот синдикат бара пациентите дома да си ги оставаат пиштолите кога одат на лекување

Медицинар од болницата „8 септември“ бил расечен со нож од пациент кој имал „Ф“ дијагноза, што значи психичко растројство. Станува збор за помала расекотина, а обидот е осуден од страна на Независниот синдикат на здравствените работници.

„Насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во домовите и возилата, а во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми“, порача Синдикатот.

Тие бараат да се зголеми безбедноста на персоналот.

„Директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараме зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции“, додава Синдикатот.

Пациентот кој го нападнал медицинарот има 77-години.

На почеток