Македонија

(Видео) Дерење, турканици, влечење – хаосот за подигнување документи кулминира

Хаосот во зградата на МТВ каде се шалтерите за подигнување на готови документи од МВР не престанува. Дерење, турканици, кубење, влечење. Вака изгледа чекањето во редиците на првиот кат. Граѓаните се удираат меѓусебно за да стигнат побрзо до шалтерите, а караниците се од утро до мрак.

Ваква е состојбата секојдневно. Возрасни, млади, пензионери – сите во трката со времето да добија пасоши, лични карти, возачки дозволи што побрзо. Некои од нив се решаваат и да се откажат, други чекаат до затворање.

Службениците велат дек редиците се создаваат уште пред тие да почнат со работа. Хаосот е буквално долж скалите.

На почеток