Македонија

Утрово студено, преку ден сончево и температура до 9 степени

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, ова според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи нè очекува денеска.

Најниска темпратура, -8 степени, утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.

Најмногу снег има на Попова Шапка шест сантиметри.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до 4 степени.

На почеток