Македонија

Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби: МПЦ наместо седенки со амбасадори да ја осуди оваа маска

Со барање да реагира Синодот на МПЦ, резултираше имитацијата на Исус и крстот од пивски гајби на Вевчанскиот карневал. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

„Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност“, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Остри реакции за оваа василичарска маска имаше и од граѓаните. Во коментари под објавите има низа осуди.

(Видео) Исус со крст од пивски гајби, директорот на М-НАВ, сатаната, продефилираа на Вевчански карневал

На почеток