Вевчани се простува од Милан Мукоски: „Наместо на визиќе – на погреб, никваш да не се повторит вакво сценарио за Вевчани“
Несреќата во која загина 20-годишниот Милан Мукоски, син на експратеникот Крсто Мукоски, го потресе Вевчани. Младото момче ќе биде погребано утре. Вевчанци се простуваат од него и преку социјалните мрежи.
„Последен поздрав на нашјот Милан Мукоски ќе му се оддајт утре од 11:00 до 13:00 сатот во храм Св.Вмч. Варвара. Наместо со топанине – со свешта. Наместо на визиќе – на погреб. Никваш да не се повторит вакво сценарио за Вевчани! Почивај во мир Милан. Да си најш мир во небесата а твоето семејство да најт сила“, пишуваат вевчанци.
Сообраќајката се случи ноќеска, еден час по полноќ.
„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, кажаа од МВР.
Вевчани беше завиено во црно.
Вевчани за Василица завиено во црно: Откажан концертот, маскирани по улиците речиси да нема
Местото беше непрепознатливо за Василица.