Македонија

Зечевиќ не должи данок во УЈП, туку е во претплата – софтверска грешка го ставила на списокот

Поради софтверска грешка, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ се најде на листата должници од УЈП. Директорката Сања Лукаревска кажа дека должниците ги генерира системот.

„Ние контактиравме со обврзникот. Врз основа на тоа што беше на листа на должници. Имаше техничка грешка бидејќи адвокатот Миле Зечевиќ беше во претплата. Тоа не е човечки фактор, туку системска грешка, па од таму излезе дека е на листа на должници. Тој разговараше со управникот на регионална дирекција-Скопје. Така се надмина овој проблем“, кажа Лукаревска.

Зечевиќ беше објавен на листата должници на Управата за јавни приходи под реден број 1.200. Според истата, генералниот секретар на СДСМ и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Миле Зечевиќ должел 707.584 денари за данок или околу 11.500 евра, за потоа да се утврди дека данокот е уредно платен.

На почеток