Македонија

Вевчаници за маската: Св.Васиља е традиција постара од МПЦ и Бигорски – маската значи дека верниците не треба да бидат пијаници

Вевчанци им одговорија на свештениците од Бигорски манастир, кој ги обвинија за богохулие поради маската на Исус со крст од пивски гајби. Преку социјалните мрежи, вевчанци велат: „Св.Васиља е традиција стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир“. Ова доаѓа откако и цела јавност побараа религијата да не биде дел од карневал.

„Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух. Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ. Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?“, велат вевчанци.

Тие додаваат: „За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.
Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално!“.

Претходно:

Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби: МПЦ наместо седенки со амбасадори да ја осуди оваа маска

Бигорски бара извинување за маската со Исус: Исмевањето на верските чувства е злодело за кое се одговара пред Божјиот и државниот суд

To Top