Македонија

Дете се бори за живот на Клиника – донесено претепано и со рани

На 17.01.2024 во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00.58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете од Струмица.

Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато.

„За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

На почеток