Македонија

(Фото) „Изгледа пак се изненадени, Стража е ужас, камиониве стојат“ – возачите револтирани оти патиштата се неисчистени

По првите снежни наноси, дојдоа и првите поплаки. Граѓаните кои возат на патот Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово, посочуваат дека патот е лизгав и неисчистен. Од фотографиите се гледа дека тој е под снег. Ова доаѓа откако „Македонијапат“ веќе кажа дека се работи на терен и дека машините постојано чистат.

„Стража е ужас, камиониве стојат“, вели возач.

Фотографии стигаат и од патот Гостивар-Стража.

„Изгледа пак се изненадени“, коментираат револтирани возачи на социјалните мрежи.

Дека патот и кон Маврово е неисчистен, сведочат возачи кои се упатиле кон зимскиот туристички центар.

Утрово, директорот на „Македонијапат“, Костадин Ацевски, апелира возилата да носат зимска опрема, а за претпријатието посочува дека ги чисти сите магистрални и регионални правци. Снегот ќе паѓа во текот на целиот викенд.

„Снегот почна, екипите на Македонијапат се на терен и активно интервенираат на сите магистрални и регионални патни правци. Апелираме за внимателно возење и користење на зимска опрема“, вели Ацевски.

(Видео) Се фрла сол, се чисти снегот низ автопатите – снежната покривка ќе достигне и до 40 сантиметри

На почеток