Македонија

Ова се имињата: Џафери го достави предлог составот на третата пржинска Влада, на листата и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Мандатарот Талат Џафери, согласно законските обврски, денеска до Собранието поднел целосно пополнет предлог-состав на преодната Влада. Во листата се и кандидатите за министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов технички министер за внатрешни работи како предлог на ВМРО-ДПМНЕ требга да биде адвокатот Панче Тошковски, а Ѓоко Велковски да биде министер за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансии оваа партија ја предлга Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство Цветан Трипуновски.

СДСМ претходно ги предложи своите кандидати, за дополнителен заменик министер за внатрешни го предлага Митко Бојмацалиев, досегашниот шеф на кабинет на Оливер Спасовски. Досегашната министерка Јована Тренчевска се сели во фотелјата на заменик на министер за труд и социјална политика..

На местото на Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер.

Седницата за избор на Владата е закажана за утре во 11 часот.

На почеток