Македонија

Судот му го вратил пасошот на рокерот Ѓорѓе Давид кој усмрти жена, за да замине во Србија, без да побара став од обвинителот

Рокерот Ѓорѓе Давид (Николиќ) замина за Белград каде ќе одржи прес-конференција, откако судот во Куманово му го вратил пасошот. Судијата не побарал мислење од обвинителот за замена на мерките, туку само донел одлука. Сега, рокерот кој прегази жена близу границата „Табановце“ треба само еднаш месечно да се јавува во кумановскиот суд.

„Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Одземен пасошот на српскиот пејач Ѓорѓе Давид кој смртно прегази жена кај „Табановце“

Несреќата се случи пред седум дена. 49-годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди. Се уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

На почеток