Свет

Хаос во Париз: Три лица нападнати со нож во центарот на градот, едно во критична состојба

Во нападот со нож утринава во центарот на Париз повредени се најмалку три лица, од кои едното е во критична состојба.

Во соопштението за медиумите од париската полиција, се наведува дека осомничениот напаѓач е уапсен и кај него била пронајдена италијанска возачка дозвола, пишува весникот Фигаро.

Париската полиција потврди дека во нападот со нож се повредени три лица, од кои двајца се во релативно тешка состојба, а третото е во критична состојба.

Според полициски извори, засега не се познати мотивите за нападот.

На почеток