Македонија

И тепачки во Алијансата за Албанците? Со пораки „Можеш да ме убиеш“ се пресметуваат таборите на Села и Таравари

Поделби помеѓу членството на Алијанса за Албанците, но и несогласувања помеѓу лидерот Арбен Тарвари и претседател на Централното претседателство, Зијадин Села. Дури и вискоките функционери во власта фатија страна, па така, едни го поддржуваат Тараватри, други Села. Хаосот во партијата, според неофицијалните информации, резултирал и со тепање. Директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Бебиу, се пожали дека бил нападнат.

„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“, испрати тој како порака.

Неофицијално несогласувањата се бидејќи Таравари сака партијада да оди во коалиција со Беса, Алтернатива, Демократски сојуз, додека Села бара на изборите да настапат сами. Се огласи и министерот за правда, Кренар Лога, кој доаѓа од лобито на Села и кажа дека не сака коалиции.

„… Не го почитува Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Лога.

Истовремено, минситерот за здравство, Фатмир Меџити, застана зад Арбен Тарваври.

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и поранешен лидер, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата изјави дека на избори одат самостојно, а партијата не се продава.

Арбен Таравари објави дека добил поддршка од членството на партијата да оди со опозицискиот албански блок. Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата. Села пак рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Таравари за неговата иницијатива.

Според него, тоа е злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата и затоа свика седница на Централното собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

Села: Алијансата на Албанците не е на пазар и не се продава, на избори одиме самостојно

На почеток