Македонија

Цела ноќ и утринава гори над Скопје

Двата пожари, едниот над Скопје односно на планината Жеден и вториот на Шар Планина и натаму се активни. Ниските температури не помогнаа во нивното гаснење, какви што беа проценките на Центраот за управување со кризи.

РЦУК – Скопје, известува дека во период на ден 05.02.2024 година од 17:35 часот од страна на Е-112 пристигната е пријава за пожар на отворен простор кај планината Жеден во близина на с.Радуша. Известени се надлежните од ЈП Караџица за натамошно постапување. Од 05.30 часот БППЗ има едно возило на терен кој ја следат сосотојбата .

РЦУК – Тетово, известува дека пожарот кај с.Вешала сеуште е активен, гори ниска вегетација,луѓето од Нац.парк Шар планина се повлечени од терен и останува денеска да се интервенира ако има потреба.

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека во периодот од 09.25 до 12.45 часот, гаселе запалена депонија на површина од 1000 м2 кај Ново Село. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 2 пожарникари. (Општина Ѓорче Петров); Во периодот од 11.00 до 11.20 часот, гаселе запалено ѓубре на површина од 200 м2 на ул. Малешевска бр.1. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 3 пожарникари. (Општина Кисела Вода); Во периодот од 15.20 до 18.15 часот, гаселе запалено ѓубре и сува трева на површина од 500 м2 кај с. Сушица. Интервенцијата ја извршиле со 2 возила и 4 пожарникари. Материјалната штета изнесува 9000 денари.(Општина Петровец)

На почеток