Убеден сум дека екстрадицијата на Палевски нема да оди со динамиката која се претставува пред избори, тврди Туфегџиќ
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања која беше киднапирана и убиена, смета дека екстрадицијата на осомничениот пларен и реализатор, Љупчо Палевски-Палчо нема да оди со динамиката која се претставува во јавноста. Тој постави и прашање каде се наоѓа осомничениот оти според него, не постои привремен затвор во Турција.
„Во наредниот период Јавното обвинителство веројатно ќе ја правда потребата од мерката притвор поради фактот што сеуште не е екстрадиран Љупчо Палевски, за чија екстрадиција не сум убеден дека ќе оди со динамика како што тоа во јавноста се обидуваат да го претстават политичките чинители, особено сега во предизборниот период. По однос на ова прашање не добивме одговор од надлежните, дали Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор или во привремен затвор како што е објавено во јавноста, бидејќи екстрадиционата постапка не познава категорија привремен затвор“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.
Тој во изјавата говори и за новите детали во случајот: