Македонија

Разрешувањето на Меџити и Алиу утре пред пратениците

Техничкиот премиер Талат Џафери достави предлог до Собранието да ги разреши министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

Џафери за нови министри ги предлага кадрите кои вчера се номинирани од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села. Во расколот помеѓу актуелниот и поранешниот шеф на партијата, Таравари и Села, Меџити и Алиу застанаа зад Таравари.

Одлуката со која се бара разрешување на Меџити и Алиу, како што соопштија од Алијанса, е поради тоа што двајцата министри спровеле дејствија спротивни на етичкиот кодекс, уценувале и вршеле притисок врз членовите на Алијанса и врз вработените. Тие велат дека посочените министри јавно кокетирале со ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток