(Видео) Статус на Таравари го натерал Џафери да бара разрешување на министрите
Во три минути, техничкиот премиер Талат Џафери образложи зошто бара министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити.
„Предлогот за разрешување не се однесува на професионалниот аспект за што имам особена почит. Со оглед дека претседателот на Таравари најави на Фејсбук дека ќе делува од опозиција, а статутот вели дека не може два опозициски субјекти да има во Владата“, додаде тој.
Според него, Владата за спроведување избори може да ја сочинува една опозициска партија а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, затоа се бара разрешување на министрите од таборот на Тарвари, со оглед дека тој најави настап на изборите заедно со албанската опозиција