Македонија

Стравот од магарешка кашлица ги натера родителите масовно да ги вакцинираат децата

Вчерашните четири нови случаи на голема кашлица, со што вкупниот број на заболени од пертусис се искачи на 26, го запали алармот кај родителите.

Вакциналните пунктови се полни со деца кои не се вакцинирани.

Ова е и поради препораката, невакцинираните деца да не се примаат во градинка. Ова не важи за училишните деца.

Најголем дел се оние деца кои не ја примиле ревакцината на ДТПР на 18 месеци.

Бо моментов, на болничко лекување во Козле има 5 потврдени случаи на магарешка качива, а за три се чекаат резултати.

Во дел од пунктовите се подготвени да работат во две смени.

На почеток