(Видео) Собраниска корпа за министрите Меџити и Алиу од таборот на Таравари
По маратонска дебата, Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите за здравство и за информатичко општество и администрација Фатмир Меџити и Азир Алиу.
На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Меџити и Алиу се разрешени поради внатрепартиската битка и поделби во Алијансата. Тие застанаа зад Таравари кој е за заеднички изборен настап на албанската опозиција. Приврзаниците на Села се за самостоен настап.
Разрешувањето е по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.
За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.