Македонија

Ако не ви дозволат да излезете од Македонија, граничарите мора на писмено да ви кажат од кои причини – се кршат правата на граѓаните

Патувањето во странство со пасош со старото уставно име од утре ќе биде невозможна мисија, а и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се согласува дека тоа отвора можност граѓаните да ја тужат државата. Според него, тоа е попречување на движењето, што е противуставно. Потенцираше дека барале решение во рамки на МВР, но залудно.

„Разговаравме со директорот на БЈБ, под чија команда се граничните премини, заедно со правниот сектор и заклучивме дека по однос на ова прашање, службите не можат да дозволат излез на граѓанин на нашата земја со документ со старото име. Нема да можат да дозволат“, рече Ташковски.

Тој додаде дека ако говори како правник, а не министер, со попречување на граѓаните – се кршат низа закони.

„Секој кој ќе проба со пасош со старото име да излезе од државата, службениците ќе бидат должни да му дадат на писмено дека не му дозволиле и од кои причини. Се кршат куп конвенции и меѓународни закони“, рече Тошковски на „Телма“.

На почеток