Македонија

Спасовски добива тужба од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се претстави како „спасувач“ за возачките да важат

Санкционирани 59 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ќе поднесат тужба против ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека СДСМ се пофали дека преку измени на закон кои тие ги предложиле се решил проблемот да нема хаос со возачките дозволи. Според опозициската партија, СДСМ го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани.

„Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета. Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС. Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ утрово тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни.

„На предлог на пратеничката група на СДСМ, Собранието усвои законски измени со кои на возачките дозволи продолжена им е важноста, до крајот на оваа година. Граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните. Нодоговорно е однесувањето на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада и обидите да создававаат дополнителен хаот“, вели СДСМ.

Возачките дозволи продолжија да важат со измена на Законот за безбедност во сообраќајот поднесен во последен момент како предлог од сите политички чинители во Собранието.

На почеток