Свет

Европски сојуз за промени: Претседателскиот кандидат на ДУИ не ги застапува Албанците

„Деновиве, кога се објавуваат кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, меѓу имињата кои ги споменува Демократската унија за интеграција е и името на актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Иако е нивно право да кандидираат кого сакаат, она што сакаме да го нагласиме е дека тој кандидат не ги застапува Албанците во Северна Македонија“, велат од Европски сојуз за промени и додаваат:

Промовиран како прв албански министер за надворешни работи кај нас, тој го завршува својот мандат без ниту една посета во Република Косово. Во време кога речиси сите македонски политичари отидоа таму, дури и некои српски политичари кои се борат против режимот на Вучиќ, тој што никогаш не смогна сили и не најде причина да оди во Косово е само Бујар Османи. Иако не сме очекувале да се поклони во Преказ, како што тоа го направи Сандуловиќ, туку беше скандалозна неговата квалификација за српскиот терористички напад во Бањско, на Северот на Косово. Во време кога Американскиот Стејт департмент и Европската комисија, како и сите западни сојузнички земји, го осудија како терористички напад, единствено беше Бујар Османи, кој како претседавач на ОБСЕ за тој настан зборуваше слично со речникот на Белорусија за руските напади во Украина. Иако не зборуваше како Албанец, туку и како претседавач на ОБСЕ, тој не со ништо не покажа дека е на страна на западното сојузништво. Дали ова се објаснува со неодамнешните коментари на Вучиќ за можноста ДУИ да ги загуби изборите или има нешто друго, тоа треба да го објаснат тие, но дека претседавањето со ОБСЕ од Бујар Османи не му донел никаква корист на Косово, тоа е евидентно.

И, како да не беше доволен овој рамнодушен пристап кон Косово и кон албанските интереси во регионот, тој – како министер познат по коруптивни афери и од порано – не остана без да ја вкуси лажицата во корупција и како министер за надворешни работи. Токму настанот во организација на Самитот на ОБСЕ во Скопје ја обелодени неговата коруптивна тенденција, за што и тој самиот призна и се извини, а не помалку сомнителни беа и тендерите склучени со компанијата „Еуровиа“, како и сомнежите за возилата кои беа користени за Самитот на ОБСЕ.

Како и да е, овие и други податоци што ќе ги објавиме во наредните денови, се доволни докази да се разбере дека секој од ДУИ може да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија.

На почеток