Македонија

Стевче Јакимовски ќе се кандидира за претседател на Македонија: Ме предлагаат поради белата коса и јасните ставови

Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош, ќе биде кандидат за претседател на Македонија. Тој кажа дека ќе го предложи партијата ГРОМ чиј претседател е тој. Според него, во Македонија се живее лошо и државата е во лоша состојба. Па затоа, тој ќе бара гласови за да храбро настапи и промени.

„ГРОМ одлучи да ме предложи за кандидат за претседател на Македонија. Имајќи ги во предвид, искуството, белата коса, резултатите, годините, како и секогаш јасните политички ставови кои ги изразував, им даде за право на моите колеги да ме предложат за оваа најважна функција за Македонија. Мојата кандидатура не е алтернатива на постоечките, туку да напуштиме еден период“, рече Јакимовски.

Според него, има крупни прашања за одговарање, како што е, што доколку не влеземе во ЕУ до 2023 година.

„Претседателската функција е потценета, исто како што беше градоначалничката се додека јас и Ристо Пенов не станавме градоначалници“, додаде Јакимовски.

На почеток