Македонија

Силјановска-Давкова ќе собира потписи за кандидатура, поразот од Пендаровски ја мотивирал

Гордана Силјановска-Давкова најави дека се кандидирала за претседателка на Македонија. Таа кажа дека кандидатурата ќе се најде и на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде треба да стане кандидатура пред ДИК. Силјановска-Давкова ќе собира 10.000 потписи, за да ја поврди кандидатурата.

„Тука сум со пратеничката група, бидејќи морам да оддадам јавна благодарност до сите колеги и колешки што ме убедуваа, уверуваа дека сум добро решение за кандидатка и претседателка и што во рекорден рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам. Тоа ме импресионираше“, кажа Силјановска-Давкова.

Според неа, ова ќе биде драгоцено искуство за неа.

„Се кандидирам од објективни и субјективни причини, долго време мерев, тешко носам одлуки, па застанувам зад нив. Објективните се резултатот од минатите избори, кога ќе добиете 380 илјади гласови, тоа е големо признание и не само од партиски членови и симпатизери туку и од граѓаните“, додаде Силјановска-Давкова.

To Top