Борељ: Руската агресија против Украина ја промени историјата на Европа, но не и географијата
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина, рече дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликтот, што, како што наведе, преку насилство ја промени историјата на Европа, но не и нејзината географија.
„Одбележуваме две години од бруталната руска агресија врз Украина. ЕУ е на страната на украинскиот народ од тоа трагично утро што ја промени историјата на Европа, но нема повторно насилно да ја промени нејзината географија“, напиша денеска Борељ на платформата Х.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина, а меѓу другите, италијанскиот премиер Џорџо Мелони, белгискиот премиер Александре Де Кроа а во таа земја пристигна и канадскиот премиер Џастин Трудо.