(Видео) Драматично во Австралија: Пожарот во Викторија продолжи да се шири, стотици граѓани евакуирани, огнот зафати куќи и згради
Шумскиот пожар во австралиската држава Викторија продолжи да се шири денеска, поради што властите наредија итна евакуација на стотици жители на населбата Амфитеатар.
Во исто време под контрола е ставен пожарот што избувна на почетокот на неделава во државата Викторија во градовите Раглан и Бофор, пренесува Ројтерс.
❗🔥🇦🇺 – The forest fire in Victoria, Australia reached an area of 5 thousand hectares.
About 1,000 firefighters and 26 planes and helicopters are participating in the firefighting effort. pic.twitter.com/W4YBckfSgG
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) February 23, 2024
Повеќе од 2.000 луѓе беа евакуирани од тие градови откако пожарот што ја зафати ниската вегетација излезе од контрола во петокот.
Австралиската јавна служба денеска извести дека три куќи и неколку помошни згради биле уништени за време на овонеделните пожари во државата Викторија.
Во гаснењето на пожарот учествуваа околу 1.000 пожарникари поддржани од повеќе од 50 авиони.
Во пожарите во Австралија во текот на летото 2019 година загинаа 33 лица и уништија област со големина на Турција.