Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството, порача Силјановска-Давкова
Од
Објавено на
Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, вечерва беше во посета на ОК Гази Баба. Оттаму упати порака до нејзините поддржувачи.
„Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството. Она што ни се случи како да е лекција од науката за политиката како не треба да се постапува, зашто таму се зборува како треба да градите авторитет. Политиката мора да биде уметност на можното!“, напиша Силјановска-Давкова по средбата.
Таа и вчера беше во посета на месни комитети.