Свет

Илјадници земјоделци на улиците на Варшава, рудари и камионџии се приклучија на протестот

Илјадници полски земјоделци излегоа денеска на улиците на Варшава во знак на протест против земјоделската политика на Европската унија и увозот на евтина храна од Украина.

Насобраните бараат полската влада да се повлече од „Зелениот договор“ на Европската унија – план кој, меѓу другото, има за цел борба против климатските промени преку намалување на употребата на пестициди, пренесува ПАП.

Претседателот на синдикатот на земјоделски организации Славодмир Издебски истакна дека заедно со земјоделците во полската престолнина дошле и рудари од синдикатот „80 август“, камионџии и други незадоволни работници.

Еден од организаторите на протестот, Шчепан Војчик, рече дека тоа што земјоделците се на улица е „неуспех на владата“.

„Бараме да се напуштат погрешните и деструктивни одредби од Зелениот договор и да се брани сточарството во Полска“, рече Војчик.

На почеток