(Видео) Се обрати Господин Попоски од Вевчани: Да собериме 100 потписи и да одиме во дуел со Бујар Османи
Со видео обраќање, Господин Попоски, повика граѓаните да се потпишат за него за да биде независен кандидат во претседателската трка за изборите. Тој досега има 40 потписи, му требаат 10.000, а верува дека и дека ќе ги собере. Предизвик му е да му биде противник на Бујар Османи од ДУИ. Вели дека како што Османи успеал да ги собере, така мора и тој.
„Давам апел до народот да излезат масовно да се потпишат, да собереме 100 потписи (?!) и да одиме во дуел со Бујар Османи. Како што ги собра Бујар Османи потписите, така и македонскиот народ треба да ги собере потписите за Господин Попоски“, кажа тој.
Собирањето на потиси трае до 8 март. Господин Попоски е од Вевчани и е еден од кандидатите кои немаат партиска поддршка.