Хеликоптер падна во океан, има жртви: Хорор во близина на западна Норвешка, започна истрага


Едно лице загина, а пет се повредени при пад на хеликоптер во океанот кај западна Норвешка, соопшти денеска полицијата.
Хеликоптерот Сикорски С-92, управуван од Бристоу Норвешка, бил во тренинг мисија за пребарување и спасување во средата кога се случила несреќата, соопштија официјални лица, пренесува Ројтерс. Шест лица кои биле во леталото биле извлечени од морето од страна на спасувачите, но едно подоцна била констатирана смрт во болница, соопшти полицијата.
Еден од петмината преживеани се здобил со полесни повреди, а останатите четворица се здобиле со повреди од различен степен, додава полицијата. Причината за несреќата се уште не е позната.
Локхид Мартин Сикорски, кој го произведе хеликоптерот, во средата рече дека безбедноста е нејзин главен приоритет и дека е подготвена да ја поддржи истрагата за инцидентот. Енергетската компанија Equinor соопшти дека хеликоптерот бил авион за пребарување и спасување кој вообичаено служи на платформите на нафтеното и гасното поле на компанијата Осеберг во Северното Море.
