Македонија

Гаранција дека од утре ќе нема ценовен шок – нема: Сѐ ќе биде оставено на совеста на маркетите

Гаранција дека од утре нема да има ценовен шок – нема. Сѐ ќе биде оставено на совеста на маркетите. Инпсектори ќе има на терен.

„Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат беше активен на терен. Граѓаните тоа најмногу можеа да го почувствуваат. Сега малку да оставиме и на совеста на трговците и производителите. Очекуваме системско решение, забрана за нефер трговски практики, особено со прехрамбените производи. Инспекторите од Пазарна будно ќе ја следат ситуацијата на терен. Се надеваме дека маркетите ќе бидат во функција на граѓаните“, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска.

Од петок нема гарантирани цени, но ќе има казни за секое нелогично зголемување на трговците, најави Битиќи.

Надлежните велат дека ќе чекаат да се изгласа Законот за спречување на нефер трговски практики кој е во собраниска процедура откако беше одобрен од Владата во декември минатата година. Засега не се знае дали новиот закон ќе ги помине сите собраниски филтри до крајот на неделата, бидејќи утре на пленарна седница ќе се гласа само за првото читање. Потоа законот повторно оди во матичната комисија за дополнителни измени. Од Министерството за економија велат дека со одобрување на законот ќе се воспостави ред и ќе се намалат цените.

На почеток