Македонија

Силјановска за „27 април“: Тие би требало да добијат помилување, но најголемиот број од нив сакаат да докажат дека се невини

Гордана Силјановска-Давкова која е дел од претседателската трка, смета дека осудените за „27 април“ би требало да добијат помилување. Таа кажа дека шведскиот и грчкиот суд веќе посочиле дека тие не сториле кривично дело – тероризам, туку можеле да одговараат за учество во толпа. Додаде дека законот за амнестија мора да важи или за сите или за никој.

„Тие би требало да добијат помилување и одличен чекор ќе беше ако тоа го стореше претседателот. Бидејќи во една прилика се одважи да го критикува кривичното дело за кое тие се осудени“, ка Силјановска-Давкова во гостување на „Лазаров поткаст“.

Таа додаде дека со сигурност ќе се потврди дека и во Стразбур ќе паднат некои од предметите.

„Најголемиот број од луѓето не сакаат да бидат амнестирани бидејќи веруваат дека се невини и сакаат тоа да го докажат“, додаде таа во гостувањето на „Лазаров поткаст“.

На почеток