(Видео) Јокиќ пцуеше на српски во директен пренос: соиграч го изненади одзади, следеше урнебесна сцена
Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија во победата на Денвер над Јута од 142:121, а по мечот за момент се налути.
Јокиќ нема мир и кога има медиумски обврски, па продолжи традицијата Деандре Џордан да му се прикрадува од зад грб.
Српскиот центар застана пред камерите кога Џордан му пријде одзади и со рацете му протна низ косата.
Беше малку поагресивен од вообичаено, па Јокиќ за малку ќе го „изедеше“ микрофонот.
Jokić with 26 points as the Nuggets grab another home court win. #MileHighBasketball pic.twitter.com/LWHQKueiVi
— AltitudeTV (@AltitudeTV) March 10, 2024
„Не беше тешко да се подготвиш“, изјави Јокиќ анализирајќи ги подготовките по големата победа над Бостон, а потоа натрча Џордан.
Јокиќ во истата секунда се изнервирал, па наредил на српски.
„Да ти е**м“, рече Јокиќ пред да продолжи на англиски.
„Најважниот натпревар е следниот. Имавме одлична енергија во првото полувреме. Вториот не беше толку добар, но победивме и тоа е најважно. Победата е победа“, додаде Јокиќ.
Јокиќ посочи што се сменило по Ол-старовите и придонесот на помладите кошаркари.
Едноставно играме онака како што треба, не ги правиме грешките што ги правевме, играме на вистински начин“. Првото место е целта, но многу поважен е начинот на кој играме. Тоа се момци кои можат да ни помогнат, нивната енергија е заразна, сакате да играте како нив, тие се подобри“, заклучи Јокиќ.