Хорор во Газа: Најмалку 16 лица загинаа во бомбардирање
Од
Објавено на
Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени денеска при израелско бомбардирање на куќа во градот Газа, јавува палестинската агенција Вафа.
Според извештаите, жртвите се претежно жени и деца.
Агенцијата претходно објави дека израелските сили утринава извршиле неколку напади врз Појасот Газа, меѓу другите, на населбите Зајтон и Ал Сабра, како и на населбите во близина на Рафа и Кан Јунис.
Според здравствените власти под контрола на палестинската милитантна група Хамас, повеќе од 31.000 луѓе во Појасот Газа се убиени, а повеќе од 70.000 се повредени од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.