Македонија

Јакимовски откако го ставија на црна листа: Ова е акт на насилство и мешање во изборите, од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател

Стевчо Јакимовски е изненаден од потегот на Стејт Департментот да го стават на т.н. црна листа, но тоа нема да го поколоба во изборната трка и ќе му биде уште поголем мотив.

„Изненаден сум, како може да не сум изненаден кога на 4. јули бев поканет од Американсата амбасада и ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана, за да не бидат присутни криминалци. Истото тоа беше и претходната година. Како поинаку да го сватиме овој акт на насилие освен акко директно мешање во изборниот процес во Македонија и мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на Македонија. Мора да се утврди кој ја направи оваа нечесна работа, ќе поднесам кривична пријава против Н.Н. сторител“, рече Јакимовски.

Тој кажа дека ќе биде пласиран во втор круг, па посочи дека ова е кукавички чин на лица кои го губат тлото под нозете.

„Помош бараат од Американците, кога ја немаат поддршката во Македонија. Ова е нечесна работа од нечесни луѓе. Јас сум единствениот кандидат кој вели дека членството во НАТО го плативме скапо со промена на името“, додаде Јакимовски.

Според него од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател на Македонија, па ги повика граѓаните да го променат тоа.

Претходно, САД објавија: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници”.

На почеток