Македонија

Меџити да тера машки, а ДУИ преговара со сите други партии за коалицирање

ДУИ преговара со повеќе партии за коалицирање за време на парламентарните избори, посочува лидерот Али Ахмети. Прашан, дали би го примиле Изет Меџити ако реши да им се приклони одново, Ахмети му порача да продолжи понатаму.

„Јас би му рекол на Меџити да тера машки“, рече Ахмети.

Окрупнувањето на ДУИ е планирано да биде со помалите политички партии од другите етникуми.

„Разговараме со повеќе партии. Зборуваме со сите, и со Алијанса и со господинот Тачи, со Аријанит Хоџа, со Бошњачката партија, турската партија, за да се приклучат на овој фронт“, додаде Ахмети.

На почеток