Свет

Вашингтон тврди: Напаѓачите во Москва не се поврзани со Киев

Пукањето во Москва, во кое загинаа најмалку 40 лица, а официјалните лица во Русија го означија како терористички напад, не е поврзано со Киев, соопшти Белата куќа.

Ова го пренесува руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Вашингтон.

Белата куќа изрази сочувство во врска со пукањето и изјави дека САД немаат информации дека се планирала таква акција.

„Вашингтон изјави дека инцидентот не е поврзан со дејствијата на Киев“, се вели во веста што ја пренесува ТАСС.

Потсетуваме, вечерва имало пукање во концертна сала во Москва, кога според очевидци три маскирани лица прво фрлиле бомба, а потоа отвориле оган од автоматско оружје врз насобраните граѓани.

Според досегашните информации, најмалку 40 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети.

На почеток