Македонија

Јакимовски: Османи демонстрира лошо ниво на култура и колегијалност

„Господинот Бујар Османи демонстрира лошо ниво на култура и колегијалност. Јас него го почитувам како колега министер и како противкандидат. За разлика од него кога градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко беше ставен на црна листа јас јавно ги осудив и се спротивставив на методите што ги применува Стејт Департментот“, вели кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски и додава:

„Ифтарот е интимен чин како круна на целодневниот пост и посветувањето на Бога кој се споделува со најблиските. Убеден сум дека канењето на останатите противкандидати на ифтар не му се најблиски, туку ова го прави по потреба и го злоупотребува верскиот обичај за политичка кампања во недостаток на други идеи за себепромоција.

Жал ми е што како интелектуалец демонстрира на јавна сцена некултура, а се промовира како проевропски ориентиран тип и тоа му е главна флоскула во предизборието. За жал тој и дел од неговите другари (чест на исклучоците), во ова 20 годишно практикување на власта не покажаа европски манири. Наративот им е европски, а однесувањето и практикувањето на власт ултра западнобалкански.
За разлика од нив, можеби мојот наратив е балкански, ама однесувањето и практикувањето на власта ми е европски во секој поглед.
А со Рамиз Мерко се гледа во партија? Оди со него на ифтар или го избегнува?

Селам алејкум господине противкандидату. Црногорците велат: „Не пада снијег да покрије бријег. Веч да ѕвери оставе траг“.

На почеток