Македонија

Сите луѓе на Ковачевски или неопходни компромиси со луѓето на Заев

Плачки, незадоволство или намерно пласирани дезинформации. Каква била атмосферата внатре на седниците на партиските тела на која се разгледувале парламентарните изборни листи се уште нема официјална изјава.

Некои се надеваа, но извисија. Резултатоте на 8 мај ќе покажат дали ќе останат без функции зошто или ги нема или се на недобитни места.

На листите нема некои од видните членови на СДСМ, како Стефан Богоев, Петре Шилегов, Снежана Калевска Ванчева, Викторија Мадиќ Аврамовска, Ненад Коциќ но и многу од пратениците. Ги нема и луѓето од доверба на Ковачевски, неговата досегашна сенка и шеф на Кабинет Мартин Попов, како и партискиот секретар Миле Зечевиќ.

Прв на листата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а коносител е Моника Зајкова од ЛДП. Таа е и највисоко котирана од коалициските партнери.

Даниела Николова е на високото трето место, по неа се Бојан Маричиќ, инфектологот Милена Стевановиќ, Маја Морачанин од ДОМ, Дарко Каевски кој демантираше дека бара да биде избришан од листата. Следуваат Љубица Јанчева, советник од Град Скопје и Љупчо Фармаковски, кои тешко ќе ибезбедат парламентарно столче.

Носител во втората изборна единица е поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а коносител е Фатмир Битиќи. Санела Шкриељ е трета а наводно незадоволниот кој ова го демантираше Мартин Костовски е четврти.

Тројката ќе ја предводи Сања Лукаревска од УЈП, а втор е актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Горан Мисовски од НСДП и овој пат си обезбеди по неколку изборни циклуси влез во Парламентот, по него се актуелниот министер за транспорт Благој Бочварски и Љупчо Балковски од ВМРО-НП. На 8 место е претставник на партијата на пензионерите.

Носител во четвртата изборна единица е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а втора Јована Тренчевска.Миле Талевскк е трет а Соња Мираковска од НСДП е четврта. На листата се и пратеничките Даниела Колева и Лолита Ристова, но од распоредот на силите ќе зависи дали ќе бидат во или вон парламентот.

Актуелниот преседател на Собранието Јован Митрески е носител во петката, а заменик е Бисера Костадиновска, министерката за култура.
Митко Трајчулески е трет, потоа следуваат Боби Мојсовски од ЛДП, Енес Ибрахим и Жаклина Лазаревска.

Шестката ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска, а како како втор е Агрон Демири.Ема Нешковска е трета.

На почеток