Македонија

За еден ден се доаѓа до термин за фотографирање за пасош по итна постапка

За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење на пасош по итна постапка. Ова го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Токовски.

„Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден. Продолжуваме понатаму!“, објави тој.

Претходно, беше реорганизирана работата и по пунктовите. Беа донесени повеќе пултови за фотографирање, а термините на лица кои веќе извадиле документи а не откажале закажан термин – беа дадени на други граѓани.

На почеток